РСЕ: Капиталните инвестиции „жртва“ на ефектите од кризите и проблематичниот менаџмент

0
130

Со пеналите за неповлечените транши за капиталните инвестиции од 10 до 18 милиони евра можеше да се изградат 30-тина градинки. Недозволиво е, како што покажуваат бројни ревизорски извештаи да нема одговорност за повлечени средства за капитални инвестиции, објаснува професот Борче Треновски.

За една година повеќе од двојно е зголемена референтната каматна стапка. Инфлацијата по ланските рекорди од речиси 20 отсто, во септември изнесува 6,6 проценти. Може ли да се очекува стабилизирање на каматите?

Каматните стапки се генерално поврзани со движењето на повеќе параметри, пред се во нашата економија. Ако земете в предвид каматните стапки не се единствениот инструмент кој го презема монетарната политика со цел да ја заузда инфлацијата. Генерално имате мала и отворена економија, имаме фиксен девизен курс и нашите каматни стапки зависат од неколку фактори. Првиот фактор е инфлацијата, во таа насока треба да споменеме дека инфлацијата успорува, се стабилизира, но ризиците постојат, објави slobodnaevropa.mk/

ИНФОГРАФИКА - Раст на референтната каматна стапка според Народна банка, август 2019 - август 2023
ИНФОГРАФИКА – Раст на референтната каматна стапка според Народна банка, август 2019 – август 2023

Гледате нови геополитички судири се случуваат, во Израел имаме нов конфликт кој е поврзан со дестабилизација на Блискиот исток, кој е поврзан со енергенсите, пред се со нафтата. Конфликтот во Украина се уште трае. Има определени најави дека има определени инфлациони притисоци има во дел од нашите трговски партнери, оние со кои имаме комуникација, и тоа е некој тип на ризик. Имаме во нашата економија инфлациони очекувања поврзани со однесувањето на нашите бизнис субјекти.

Гледаме дека базичната инфлација се уште не е намалена односно ценовниот шок е пренесен од храната и енергијата на останатите производи. Така да, се уште постојат ризици и треба да се биде исклучително внимателен.

Централната банка со каматните стапки треба да биде исклучително внимателна. Треба да ги следи и финансискиот сектор и економските случувања со цел да не го оптовари, односно да не го инхибира, да не го успори економскиот раст, и треба да се грижи за финансиската стабилност на банките. Тој дел е исклучително стабилен, кредитирањето се успорува постепено, депозитите постепено растат.

Така што во ситуацијата во моментов е стабилна, а реакцијата која ќе ја преземе Централната банка ќе зависи од тековните случувања. Кога ризиците ќе се намалат, кога ќе се стабилизира се она што го спомнав, тогаш може да зборуваме за директно и отворено за намалување на рестриктивноста на монетарната политика.

Сè дотогаш Централната банка треба да остане силна на својата заложба, да ја одржи ценовната стабилност, затоа што инфлацијата ги оданочува сите економски субјекти, креира финансиска и економска нестабилност, ги дестабилизира пазарите, не можете да носите инвестициони одлуки, и сите нас не оданочува негативно. Така што во тој контекст мора да бидеме особено внимателни.

Во тој контекст, инфлацијата се намалува, ама трошоците на живот растат. За две години храната поскапела за 40 отсто. Владата изминатиов месец воведе две мерки од ед страна воведе „гарантирани цени“, од друга го покачи ДДВ-то за дел од прехранбени продукти. Дали ова е начинот со кој може да се стави крај на „ценовното лудило“?

Најпрвин наједноставно е да се посветите на штедење и она продуктивно трошење, и да ја зголемите ефикасноста на своите расходи. На тој начин може да предизвикате во овој случај да се намали притисокот врз цените и да се намали притисокот врз буџетот. Втора работа е треба да се преземат конечно структурните реформи за кои долго време дискутираме. Силен домашен бизнис сектор, добра бизнис околина да се создаде, да се правата промени, подобра имплементација на легислативата, и така натаму.

Пред се, особено е важно во оваа ситуација што доминантно ќе влијае за намалување на цените е вложувањето и инвестициите односно капиталните инвестиции. Капиталните инвестиции и вложувањето во определени сектори преку зголемувањето на продуктивноста исто така може да влијае на намалување на инфлацијата. И да не заборавиме, последното со кое допираме до зголемување на даноците, затоа што зголемувањето на даноците треба да биде особено одмерено затоа што нееднаквоста генерално потекнува од нееднаквост во имоти и богатство, а не само во потрошувачката. И тука е еден голем резервоар кој го поседува нашата економија а тоа е неформалната економија.

Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk