Османи: Најдобро Груевски да е во Македонија

0
182

Поранешниот премиер Никола Груевски треба да е во Македонија и да се соочи со правдата. Вака министерот за надворешни работи Бујар Османи коментира во интервју за ТВ21, алудирајќи дека е нарушена безбедноста на државата со отсуството на поранешниот премиер, кој ужива азил во Будимпешта.

„Од политички аспект има едно прашање кое знам дека ќе се злоупотреби, но од безбедносен аспект да имате премиер кој што ви бил премиер повеќе од 10 години и ги имал сите информации на државата, а е во рацете на на друга држава, тоа не е паметно за било која држава“, изјави Бујар Османи во емисијата Анализа со Борјан Јовановски на 21.

Османи додава дека нема никаква иницијатива во делот за негово враќање.

„Најдобро е тој да е овде и да се справува со судските процеси кои што ги има. Тоа би било најдобро решение. Затоа ова го кажувам повеќе аналитички, но целата оваа фама околу некаква комуникација е тој психолошки страв кој ние не го разбираме“, додава Османи.

Тој во интервјуто се осврнува и на караницата меѓу актуелниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мислам дека темата Груевски е повеќе страв и паника која што излегува од ВМРО-ДПМНЕ и ни сервира нам дека е некако општествено прашање. Тоа е некаков психолошки немир кој што го имаат, нивни внатрешни односни кои ние не ги знаеме. И тие мислат дека логиката кога вие знаете дека имате еден проблем, мислите дека знаат сите и нас постојано ни го сервираат тој проблем, а ние не сме свесни што се случува. Тоа е немир и паника во опозициската партија кон психолошкиот лик на Груевскки“, додава Османи.

извор: ТВ21