На 14.10.2023 во 16.00 часот во атар на с.Сопот, велешко, полициски службеници од СВР Велес и од Шумска полиција ги лишиле од слобода Т.С.(51), Е.И.(28), Џ.И.(40), М.Ј.(39), Х.С.(35) и С.С.(35), сите од с. Бузалково, велешко. Тие биле затекнати при нелегална сеча на огревно дрво и кај нив биле пронајдени три моторни пили и товарно возило натоварено со четири кубни метри исечено огревно дрво, а во близина на местото биле пронајдени уште 10 кубни метри исечено огревно дрво.
Возилото и пилите биле одземени за понатамошна постапка, а дрвата ќе бидат преземени од Шумска полиција и Шумско стопанство. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: МВР