Следува период на стабилно и потопло време, најавува Попоски

0
139

Студениот бран кој го зафати целиот Балкан и го донесе првиот снег на планините, пристигна и во Македонија.

Од средината на оваа седмица, и тоа поради силното јужно воздушно струење се очекува поголемо затоплување на времето, а од утре ќе биде постабилно и посуво. Во петок и во сабота ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер.

Нови поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат од сабота попладне, тогаш ќе има услови и за локална нестабилност, проследена со грмежи, а можна е појава и на локално невреме, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.