Инфлацијата го јаде лебот на граѓаните, а во исто време функционерите на ДУИ и СДС се товат со бифтеци, по евтини цени во владиното бифе, велат од ВМРО ДПМНЕ

0
171

Додека народот се обидува да го преживее секој месец, борејќи се со енормната инфлација, која го јаде нивниот леб, во владиното бифе, каде јадат високите функционери на ДУИ и СДС, има бифтеци и сланини, по багателни цени, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

Истите овие, што се сладат секојдневно по багателни цени, во владиното бифе, ги поскапеа лековите, витамините, детската храна, конзервираните производи, цвекло, брашно, чај, урда, сирење, кашкавал, зденки, замрзнати теста, феферони и овие производи ги прогласија за луксуз.

Во Македонија веќе до крајот на оваа година, според меѓународните организации 600 илјади граѓани ќе живеат на самиот раб на егзистенција, а околу 80 илјади граѓани, живеат живот, со помалку од едно евро на ден.

Ваква безидејност и бедотија никогаш немало во Македонија. Тоа ќе се смени набрзо и новата влада, предводена од ВМРО- ДПМНЕ, веднаш ќе работи на подобрување на стандардот на граѓаните.

извор:ВМРО ДПМНЕ