Турција: Голем број возила останаа заглавени на патот Ван-Бахчесарај поради снег

0
231

Голем број возила останаа заглавени на патот поради снегот и снежната бура кај превојот Карабет на автопатот Ван-Бахчесарај. Екипите на 11. регионална управа за автопатишта на Туркије започнаа акција за расчистување на снегот, известува Анадолу.

Снегот што веќе два дена паѓа во југоисточниот дел на Туркије и снежните наноси во планинските предели им предизвикаа тешки моменти на возачите.

На превојот Курубаш, на надморска височина од 2.225 метри, на автопатот Ван-Хакари, видливоста е намалена поради магла, а возачите контролирано продолжуваат по патот.

Превојот Карабет, на надморска височина од приближно 3.000 метри, на автопатот Ван-Бахчесарај, покриен е со бела покривка поради интензивните врнежи од снег.

Голем број возачи што тргнале на пат без да стават синџири на тркалата на своите возила, останале заглавени на патот покриен со снег и зафатен со снежна бура.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.