ВМРО ДПМНЕ: СДС и ДУИ сакаат да го продадат МЕПСО на грчко – кинеска фирма? Се спрема ли нов бонбона бизнис?

СДС и ДУИ сакаат да го продадат МЕПСО на грчко – кинеска фирма? Се спрема ли нов бонбона бизнис?

Во Грција излегле информации во медиуми дека грчкиот електро преносен систем каде 24% сопственост има кинескиот електропренеосен систем во државна соспственост сака да го купи МЕПСО, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Доколку власта се осуди на продажба на МЕПСО тоа ќе значи целосно губење на енергетската независност на Македонија.

СДС и ДУИ беа тие кои ја продадоа ЕСМ на само неколку месеци пред изборите во 2006 година.

СДС и ДУИ се тие чии бонбона бизниси ги чинат граѓаните милиони.

Власта да не влегува во нови авантури, МЕПСО е од стратешко значење за државата и негова продажба не носи никаква полза за Македонија и граѓаните.

извор: ВМРО ДПМНЕ