На аеродромот во Тирана, уапсен зетот на поранешниот албански премиер Сали Бериша

0
153

Зетот на Сали Бериша поранешниот премиер на Албанија беше уапсен вчера во Тирана, соопштуваат албанските медиуми.

Јамарбер Малтези бил уапсен во моментот кога пристигнал на аеродромот со цел да патува надвор од земјата. Апсењето е по наредба на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, објавија медиумите во Албанија.

Според пишувањата на албанските медиуми, Малтези бил дел од истрагата на обвинителството во случајот за приватизацијата на фудбалскиот клуб Партизани.

Во врска со ова прашање, на Сали Бериша му е одредна безбедносна мерка „задолжително јавување“, а му е одземен и пасошот.

Пред две години поради вмешаност во корупција, САД ги прогласи за непожелни Сали Бериша и неговото семејство.

Фото: Shqiptarja.com