Велешанец го испрскал домот со бензин и се заканувал дека ќе го запали

0
132

Полициските екипи на СВР Велес во текот на вчерашниот ден го уапсиле четириесет годишниот А.Р. од Велес. Како што соопштуваат службите, тој претходно бил пријавен од семејството дека го испрскал домот со бензин и им се заканувал на сопругата, на нивните две деца и мајка си.

– На 22.10.2023 во 14:30 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Р. (40) од Велес.

Тој на 21.10.2023 околу 10:30 часот во домот, испрскал со бензин и се заканувал на неговите сопруга, мајка и двете деца. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок – се наведува во билтенот.

МВР