Света Злата Мегленска претставува македонска православна црква која се наоѓа во Битола.Сместена е во близина на ресторанот Арена, поранешна Кожара. Црквата била осветена на 13 септември 2014 година од страна на актуелниот митрополит на Преспанско-пелагониската епархија, Петар.
Чудата Бог допушта да се случат за да ја зајакниме својата вера но и да поверуваат оние кои не веруваат во Бога.
Пред неколку векови светата Злата Мегленска беше измачувана и убиена од турците на грозоморен и нечовечки начин онака како што денес страдаат христијанските новомаченици во Сирија и муслиманскиот свет.
Но по благодатта Божја и молитвите на Црквата Христова светата Злата Мегленска го направи првото чудо во својот дом. Сите оние кои првите денови го посетуваа овој Божји дом го чуствуваа мирисот на миро кој не беше присутен само во храмот размешан со мирисот на цвеќињата туку и наоколу храмот неколку денови по осветувањето се чуствуваше благоуханието на мирото.
Малку подоцна ( на втората Божествена Литургија- која се служи секој вторник), се направи и првото Свето Крштение. Првиот човек кој беше крстен во овој храм беше муслиман кој премина во православна вера.
И оваа година од надлежниот црковен одбор најавуваат празнични богослужби по повод празникот посветен на Светата Злата Мегленска.
фото ФБ Црква Света Злата Мегленска