Ковачевски и власта освен што тераат инает, немаат ниту еден логичен аргумент по однос на темата избори. Ковачевски ги изгуби сите битки. Свесни се дека ќе изгубат и на изборите и сега ја казнуваат Македонија и сакаат да ја држат во заложништво, економијата да биде закочена, да се потрошат десетици милиони евра дополнително, само заради стравот на Ковачевски и СДС да излезат на избори. Тие зборуваат за одвоени парламентарни и претседателски избори во рок од еден месец, чиниш во тој месец економски бум ќе предизвикаат. Имаа 7 години власт да покажат што знаат друго освен криминал и корупција, па сега во тој еден месец власт порано или покасно освен тендери и бизниси ништо друго и не се очекува да направат. Граѓаните бараат промени и напредок и со тоа Ковачевски мора да се помири.
Патем кога претходно Министерството за правда и неговите тела и органи одлучувале за датум на избори? За тоа одлучува Собранието и политичките партии застапени во него. Во министерството за правда може да разговараат за модалитетите на изборите во закони и евентуално конечно да се одважат да им ги прифатат барањата на помалите коалициски партнери на СДС за една изборна единица, барање со кое ги влечат за нос од почетокот на мандатот.
Повикуваме Ковачевски и СДС да се вразумат и да седнат заедно со ВМРО-ДПМНЕ да се договори датум за избори веднаш, датум со кој ќе се овозможи вториот круг од претседателските и парламентарните избори да се совпаднат со цел Македонија да заштеди средства и да се одбегне уставна криза. Ова е рационален предлог и во корист на граѓаните и на државата. Еднаш нека се одважи Ковачевски да направи нешто што е во интерес на народот.
вмро дпмне