Артан Груби со мемето “Паднав во дупка” го рекламира новиот пат за Ќафасан

0
384

Вицепремиерот Артан Груби на својот профил постира измонтирано видео на кое вградено познатото Меме „Паднав во дупка“ снимено кога граѓанин на Струга се жали дека ги дупнал двете гуми на дупките од патот за Ќафасан.

Груби ова го објавува во моменти кога јавноста е запрепастена од изјавите на премиерот Димитар Ковачевски дека можно е да прекине градбата и да се раскине договорот со „Хино Сидро“  од Кина за изградбата на автопатот Охрид-Кичево.

Инаку патиштата кои водат кон Струга последнава година се целосно обновени, потполно нов пат има од Струга кон Ќафасан и целосно нов е патот од Струга до Подмоље, до клучката каде што патот за Струга се поврзува со патот кој 10 години е во градба и треба да ги поврзува Охрид и Кичево.

Граѓаните се гневни од постојано одлагање на кое го прави Владата, а паријата СДСМ во Охрид не го коментира овој случај воопшто во јавноста. Не се гледа крајот на градбата на автопатот Охрид-Кичево, при што се раскинал договорот или не, никој не спомнува одговорност што се’ правеше владата на СДСМ изминатите седум години и не успеа да изгради ништо на делницата Охрид-Кичево.