Македонската пејачка Калиопи вечерва требаше да одржи концерт во салата МТС, но на самиот почеток на вечерта се случи драма. Жена, на која и се слоши на почетокот на концертот, почина во салата.
На неименувана жена на возраст од околу 70 години, која на концертот дошла во придружба на нејзината ќерка и пријатели, и се слошило непосредно пред почетокот на концертот, по што била повикана брза помош.
Салата била испразнета за да и помогнат лекарите, наводно била извршена реанимација, но жената починала.
Порталот Република пишува дека полицијата е на лице место и врши увид.
a1on.mk