Вулканот Етна, еден од активните вулкани во јужниот дел на Италија, исфрла лава и пепел, пренесува Анадолу.
Вулканот Етна, кој има 3.300 метри висина и се наоѓа на островот Сицилија, синоќа почна да исфрли лава и пепел.
Во соопштението на канцеларијата на Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија (INGV) во Катанија се наведува дека имало силен проток на лава од кратерот југоисточно од Етна и дека исфрлениот пепел достигнал височина околу 4.500 метри.
Според вестите на италијанските медиуми, протокот на лава на Етна можел да се забележи на далечина од неколку километри.
Се истакнува дека е издаден црвен аларм за предупредување за авионите што минуваат низ оваа зона.
Голем број улици и возила во населените места околу вулканот Етна, како што е Заферана, се покриени со пепел.
Инаку, Етна е најактивен вулкан на европскиот континент.
извор: Анадолу.