Регионалниот ЦУК – Скопје информира дека фирмата „Хаусмајстор груп“ известила за денешно тестирање противпожарна опрема во комплексот висококатници „Џеваир сити“ – во зграда А.
Тестирањето ќе се одвива во период од 11 до 12 часот.
– ЦУК известува за сервисна информација што би спречила можна локална паника. Тоа ќе биде тестирање на противпожарна опрема и нема да биде реална ситуација на територијата на општина Аеродром, се појаснува во соопштението.
извор: ЦУК