ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Коњ принудно приземји авион Боинг

0
149

Авион Боинг 747 кој летал од Њујорк до Лиеж, Белгија, беше принуден да се приземји затоа што коњ излегол од „боскот“ во кој бил ставен за да патува во Европа. Инцидентот се случил на 9 ноември во товарниот простор на леталото.

Коњот бил еутанизиран заради обемот наповедите кои ги здобил во леталото.

Карго летот на чартер авиокомпанијата Ер Атланта Исланд бил на висина од околу 31.000 стапки кога екипажот ја контактирал Контролата на летање во Бостон за да извести дека коњот избегал.

Настанаа турбуленции и коњот скокна
Коњот беше меѓу 15-те што беа транспортирани во Лиеж – увозен центар за Европа – кога набргу по полетувањето се појавија турбуленции, според Џон Кутичели, шеф на корпорацијата одговорна за ракување со карантин и извоз на животните на меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди.

Коњот се исплаши и скокна на половина пат преку високата предна преграда на штандот и се обеси, со предните нозе на едната страна од бариерата и со задните нозе заробени на внатрешната страна на штандот.

Авионот се врати назад, а коњот мораше да биде еутанизиран.