(ВИДЕО) Најмалку 12 повредени во судири меѓу навивачи и полиција во Софија

0
167

Најмалку 12 лица се повредени во судир меѓу бугарските навивачи во Софија и локалната полиција пред и за време на натпреварот меѓу Бугарија и Унгарија од групата Г од квалификациите за ЕП 2024 во Германија.

Локалните медиуми јавуваат дека илјадници бугарски навивачи протестирале на улиците на Софија поради начинот на кој се управува со Фудбалскиот сојуз на Бугарија.

Во протестите учествуваа навивачи на бројни бугарски клубови, а во еден момент протестот стана насилен.

Бугарското МВР соопшти дека во судирите се повредени петмина полицајци.

Центарот за итна медицинска помош во Софија соопшти дека примил вкупно 19 пријави за повредени на протестот пред Националниот стадион пред натпреварот Бугарија-Унгарија. Некои од повредените биле прегледани на лице место од екипи на итната помош.