Спас од огромните горештини во Бразил – под млаз од фонтана полесно се поднесуваат високите температури.
Овој човек во Рио де Жанеиро се обидува да се разлади под вода од фонтана во паркот Мадуреира.
Делови од Бразил се зафатени од огромни горештини уште пред официјалниот почеток на летото на јужната полутопка. Во милионската метропола Рио де Жанеиро неделава измерената температура се искачи на над 40 степени, а луѓето ја чувствуваат како 58,5 степени, јави агенцијата Бразил. Националниот метеоролошки институт оцени дека ситуацијата во 15 сојузни држави и федералната област околу главниот град Бразилија е многу опасна. Постои ризик од дехидратација, главоболки, гадење и проблеми со циркулацијата.
Шпанските медиуми објавија информација дека турската актерка Џансу Дере исчезнала по земјотресот во Турција. Меѓутоа, нејзините обожаватели и некои турски…
Италијанската полиција денеска соопшти дека спречила кибернапади врз „Евровизија“. Специјалните единици на Министерството за внатрешни работи за борба против компјутерскиот…
Вработените од различни ресторани се собраа на годишниот Торта фестивал во Мексико за да подготват колосална 76-метарска „торта“, традиционален мексикански…