Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, по свеченото отворање на Вториот меѓународен саем за вино Вино на отворениот Балкан и билатералните средби, заедно со домаќинот српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и други дојдоа на вечера во ресторан во Белград.
View this post on Instagram
Вечерта по самот за вино во опуштена атмосфера во кафеана претседателот на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Јаков Милатовиќ и премиерот Димитар Ковачевски дегустираа вино.
На Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“ беше објавено видео од ресторанот, а премиерот Ковачевски заедно со Вучиќ и Милатовиќ ја отпеа добр песната „Дајте вина, хочу лом“.
– Да живее пријателството меѓу Црна Гора, Македонија и Србија! – стои во објавата на Инстаграм под видеото во кое може да се слушне пеењето на тројцата политичари.