(ВИДЕО) Колапс на сообраќајот кон Струга

0
361

Двете последователни сообраќајни незгоди кои се случија попладнето во близина на Струга, поточно кон кружниот кај месноста Мороишки мост доведоа до целосен колапс на сообраќајот во овој град.

Имено повеќе од еден час траеше увидот на местото на сообраќајната незгода каде беа удрени две патнички возила, а долгите колони возила од двете страни само се зголемуваа , со оглед на тоа што околу 15 и 16 часот поголем дел од граѓаните се враќаа од работните места.

Дополнително целосно парализиран беше и сообраќајот во делот на Струга кај црквата Света Петка , поточно улицата „Ристо Крле“ која е главна сообраќајна артерија за излез од Струга кон околните населени места.

Километарските долги колони траеа се до 17 часот, откако се расчисти сообраќајката каде со шлеп служба беа отстранети возилата од коловозот.

 

https://www.youtube.com/watch?v=Wku327t-USk