„Тргнете го крстот сами за да нема тензии“, се закани Касами во име на „Европскиот сојуз“

Градоначалникот на општина Тетово Билал Касами ги повика институциите да реагираат и да го отстранат крстот што беше поставен на Попова Шапка, објави Република.

Вчера бевме сведоци дека на Попова Шапка се постави еден гигантен крст. Овој непромислен акт ја вознемири јавноста. Свесни за овој момент и имајќи ги во предвид сценаријата кога властите ги искористиле емоциите на граѓаните за да создадат меѓуетнички и меѓурелигиски тензии. Денес сме тука да изјавиме дека Ние – челниците на субјектите на Европскиот Сојуз за Промени, ниту сме биле, ниту ќе бидеме против верските симболи, на било која вероисповед, но нема ниту да дозволиме никој да ги злоупотребува овие симболи за да создава меѓу граѓански конфликти, бидејќи верските симболи, секогаш пренесуваат пораки за мир, а не за конфликти. За волја на вистината, на Попова Шапка веќе има по еден култен објект на муслиманите и православните, а тоа до денес никому не му пречело. Но, со поставувањето на крстот вчера, се создава впечаток дека некој намерно има за цел да создаде инциденти и да створи нови тензии меѓу граѓаните“ изјави Касами.

Тие ги повикаа Комисијата за односи со верските заедници, Македонската православна црква, Охридската Архиепископија, односно Тетовската Митрополија, согласно нивните надлежности „да преземат мерки и самите да го тргнат овој крст, и да не дозволат верата да се трансформира во инструмент на создавање тензии меѓу граѓаните“.

Воедно, додаваат, го повикуваме Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, како орган со директни овластувања во оваа работа, да постапи што е можно побрзо согласно своите должности.

Знаеме дека оваа институција е под раководство на ДУИ и доколку не постапат ќе ги сметаме за тивок партнер со македонските партии, порано со ВМРО-ДПМНЕ сега со СДСМ, и ги повикуваме итно да се приклучат на постапот врз своите законските обврски, бидејќи таквите провокации се непростливи за никого. Сведоци сме од минатото дека ваквото поставување на култни објекти, без одобрение, без план и со наметнување, отсекогаш се сфаќало како провокација и предизвикувало неповолни сцени. Имајќи го во предвид ова искуство, ние сме гледале вакво сценарио во минатото, како една македонска партија глуми лав, една албанска партија глуми орел пред изборите, а кога ке влезат на избори после се претвараат во маче и во врапче, затоа ве повикуваме на мир, љубов и меѓусебно почитување, се обраќаме до Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, за да не дозволат да станат жртви на националистичките политики. Ги повикуваме ДУИ и сите македонски партнери да престанат да ги злоупотребуваат верските симболи за да добијат дневни политички поени, под итно да излезат во јавноста и да побарат од властите на Македонската Православната Црква да го тргнат крстот, на овој начин ќе се создадат услови да се развие меѓусебното почитување и соживот, велат од Европскиот сојуз на промени.

Тие додаваат дека сакаат верските заедници во нашата земја да се облагородат во духовниот живот на нашите граѓани и да не дозволат да се инструментализираат за политички цели.

извор: Република