ВМРО ДПМНЕ: Што толку го радува Ковачевски 5 дена да лумпува по Белград, кога во Македонија расте сиромаштијата, инфлацијата, долгот, паѓа стандардот и економијата тоне?!

Ковачевски и неговата владина екипа 5 дена јадат, пијат и лумпуваат во Белград, додека во Македонија народот гладува и тоне во сиромаштија.

Гледаме пее по кафеани и отвора шишиња вино, па нека се охрабри додека е “под гас“ да го праша претседателот на Србија, Вучиќ како успева да ја одржи инфлацијата пониска од нашата, како успева да го одржи растот на БДП повисок од нашиот, како успева да изгради автопати, како привлекува странски инвестиции и слично.Може така и ќе научи нешто, па народот да има корист од неговите вински екскурзии.

Навистина сме изненадени и не зачудува, што толку може да го развеселува Ковачевски кога во Македонија стапката на сиромаштија опфаќа речиси 600 илјади лица; кога 80 илјади лица се во екстремна сиромаштија, кога има рекордна инфлација, а основните производи се поскапени во просек за 40%, што е тројно повеќе отколку во Европа, кога долгот на државата галопирачки расте, а во исто време растот на економијата ни е најмал во регионот, кога нема испечатени учебници трета година по ред, кога нема никакви инфраструктурни проекти, кога нема лекови за граѓаните, кога на клиниката на Онкологија некој прави криминален бизнис на грбот на најтешко болните, кога има распад на судскиот систем, кога ништо не функционира во државата освен корупцијата и организираниот криминал на власта.

Ништо од ова погоре споменатото не го спречува Ковачевски да се весели и да прави баханалии по регионот со денови. Резилот за жал не е само негов, тој е и на Македонија. Но отрезнувањето следи многу скоро, на следните избори

ПС: Ковачевски нека внимава, алкохолот може да му предизвика мачно чувство како некој да го сече со нож во стомакот, особено што имал хируршка интервенција на абдоменот и се уште има проблеми, поради кои и одбегнал служење на воениот рок.

 

vmro dpmne