(ВИДЕО) Македонската етно музика негувана од група музичари од Финска, Германија и Мексико!

0
244

Група музичари од четири земји меѓу кои Финска, Германија, Мексико и Македонија, веќе неколку месеци ги забавуваат посетителите на градските пазари во неколку градови во Источна Македонија. Водач на групата е Влатко Ристов, изведувач на инструментот ,,ќемане” од Македонска Каменица, кој за време на нивната посета на градскиот пазар во Делчево, рече дека се работи за ентузијасти кои спонтано се собрале, а цел им е негување на етно музиката од овие краишта.

-Сакаме да ја негуваме македонската музика. Ова се гости Лемпи од Финска, Сантјаго од Мексико и Фин од Германија. Ја сакаме македонската музика, свириме да го развеселиме народот, да донесеме малку позитицна енергија и така, вели Ристовски.

Моментално македонската етно музика ја промовираат на пазарот во Кочани, Македонска Каменица и во Делчево, а планот им е да направат турнеја низ цела Македонија.

Мексиканецот Сантијаго се приклучил.на групата пред неколку недели, велејки дека имаат супер дружба. Неговата колешка Лимпи која е и вокал, музицирала неколку месеци додека ги научила етно песните со кои се претставуваат, потенцирајки дека и се допаѓа Македонија, додека Фин од Германија воодушевено вели дека за него Македонија е најубавото место, навестувајки дека ќе останат овде, се додека се добредојдени.

И додека ја презентираа нивната музика, присутните граѓани од  Делчево, но и од соседна Република Бугарија кои го посетија Градскиот пазар, беа исто така воодушевени од музиката, притоа почестувајки ги со солиден бакшиш, како награда за трудот кој го вложија на студеното време.

-Браво, токму тоа му треба на народот, музика и малку опуштање, вели граѓанин на Делчево.

Четворицата ентузијасти најавија дека и следната сабота повторно ќе дојдат во Делчево, претставувајки се со уште повеќе малку познати стари македонски песни кои ги подготвуваат заедно.

 

delcevo365,mk