Евакуирана зградата на Радио-телевизија Србија, дојавата за поставена бомба била лажна

0
127

Единиците на Министерството за внатрешни работи на Србија завршија со проверка на сите згради на Радио-телевизија Србија и утврдија дека дојавата за бомба е лажна, јави Н1.

Претходно на Н1 од МВР рекоа дека дојавата за бомбата стигнала преку мејл. Медиумите објавија дека зградата на РТС е евакуирана, а на терен излегле контрадиверзантски екипи.

Извор: МИА