Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, потврдува за Канал 5 неговиот адвокат, а неофицијална потврда добивме и од Кривичниот суд.
Причината е лошата здравствена состојба, за што Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми.
Ова значи дека Боки 13 ќе се лекува од слобода, а откако му беше извршена операција и му беше отстранет желудникот.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ вели дека ја добиле одлуката, за која вели дека иако е задоцнета, е праведна.
извор: Канал 5