Малиот виртуоз од Кичево, Лука Лазарески на свои 11 години го закажа својот прв солистички концерт

Лука Лазарески кој има само 11 години веќе плени со својот талент за музицирање. Иако е многу мал, виртуоноста надалеку се гледа и слуша, а неможноста да посетува музичко училиште во својот град бидејќи нема, не го спречи да напредува и надоградува својот талент.

Најпрво започна со својот професор Бојан Ѓошиќ но по гитара, добро познат на кичевската јавност, човек за пример, голем хуманист, познавач на музиката.

Лука на 22 декемрви за прв пат годинава ќе го има својот прв солистички концерт под мотото „Stars Without Sky“ или во превод „Ѕвезди без небо“.

Инаку Лука има настапувано на повеќе локални концерти уште на помала возраст, а честопати со неговите милозвучни мелодии знае да биде специјален гостин на некоја сечена пригода.

https://www.youtube.com/watch?v=0q-d6BJr48Y&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fporta.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ&feature=emb_imp_woyt