На 05.12.2023 во 00.00 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(41) од Прилеп. Тој се сомничи дека извршил тешки кражби во возила и дека одзел различни предмети.
Украденото е пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случајот против Е.А. ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.