Богојески: Замислете што народ сме, кој не сака да ја слушне вистината и плука по тој кој ја кажува! Нема спас за народ, кој не сака да биде спасен!

ФБ објава на Петар Богојески. Ја пренесуваме во целост:

НА ГОЛЕМА ЖАЛОСТ, грозоморните вести кои ги добивме испаднаа вистинити, колку и да несакам да верувам дека е така.
За жал претажна вистина! Камо среќа да не беше вистина! Прво јас тоа го посакувам!
Ако за нешто жалам, тоа е што поради таа преголема тага и избезуменост ме спречи да ја кажам вистината до крај! Можеби премногу ќе болеше, сакав да ве заштитам од болка, па по бурните реакции и навреди се поколебав!
НЕ ТРЕБАШЕ!
Ние убивајќи го гласникот, се убиваме себе си.
Ние ги штитиме тие кои не доведоа до оваа состојба, а плукаме по тие кои ни ја кажуваат состојбата!
Ако пробаш нешто да направиш… зошто правиш, собираш поени…
Ако не направиш ништо, а ти што направи, зошто молчеше…
Крај не се наоѓа во ова лудило!
Не вреди. Ова е се, баш се изопачено.
Ако работиш чесно и искрено за народ, луд си!
ВИСТИНА, голем број граѓани не храбревте и сеуште не храбрите да ја продолжиме борбата со монструмите, бандите… искрено ви благодариме и токму поради тоа продолжуваме!
За вас, не само за нас!
Но дел, на место да ме охрабрат да ја кажам вистината до крај, овој напатен и отруен народ ме спречи да кажам! Замислете што народ сме, кој не сака да ја слушне вистината и плука по тој кој ја кажува! Нема спас за народ, кој не сака да биде спасен!
Што понатаму?
Запомнете, ако и ова помине без одговорност, за кратко ќе ни се повтори уште полошо! Тогаш може да биде нечие мое, твое, наше дете!
Може и да продолжите да плукате, да продолжите да ги поддржувате монструмите, криминалците, бандите… во ред, возрасни сте, вие си знаете!
Ако ви е убаво “како до сега”, терајте!
НО ДА ЗНАЕТЕ, можеме да не дозволиме вакво нешто да се повтори, да не дозволиме да изгубиме уште една Вања, бидејќи тие ангелски души не го заслужуваат тоа, а овој расипан свет, не ги заслужува нив.
*вчера во книгата на жалост запишав,
“Прости ни ангелче, не успеавме да те заштитиме…!”

извор: ФБ Петар Богојески