Почина Владо Правдиќ, клавијатуристот од „Бијело Дугме“

Синоќа во Сплит почина Владо Правдиќ, клавијатурист на „Бијело дугме“,тажната вест за „Аваз“ ја потврди негов близок пријател.

Правдиќ, како што се наведува, починал ден пред својот 74-ти роденден на 6 декември, пренесуваат медиумите.

Со „Бијело Дугме“ беше од почетоците на групата и сними два албума „Кад би био Бијело дугме“ и „Што би дал да си на моето место“ пред да оди во војска во 1976 година.

Во „Дугме“ го замени Лаза Ристовски. Владо се вратил во „Бијело дугме“ во 1978 година. Од 1978 до 1987 година со нив објави пет албуми: „Битанга и принцеза“, „Да се доживее стотата“, „Приспивна за Радмила М.“, „Косовка ѓевка“ и „Плукни и запеј моја Југославијо“.

mms.mk