Имате скандали секојдневни на најразлични основи, така да треба да си признаеме дека имаме Влада и постава која што не што не успева да се спаси со криминал, туку за жал предизвикува и негово метастазирање, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринската емисија на радио „Лидер“.
„Токсичната атмосфера која што се создава си има свои последици, едната од последиците е за жал и ова што го видовме. Меѓутоа имаме многу сериозни проблеми. Еден од сериозните проблеми е амбиентот на неказнивост во државата. Друг сериозен проблем за кој многу зборувавме по емисии, и во Собрание е ако сте поддржувач на оваа Влада, ако сте поддржувач на Социјалдемократскиот сојуз и на ДУИ на било каков начин тогаш за вас помалку или повеќе ви се отворени сите врати или ви е дозволено да ви се гледа низ прсти. Тие проблеми можеме да ги видиме секаде дали од неплаќање на данок, дали од користење на државни тендери итн.“, заклучи пратеникот.
Лефков додаде дека за жал во Македонија не останаа едноставни теми за кои што може да се говори. За жал Македонија оди од мрачна во помрачна тема.
„Погледнете ги последните случувања дали станува збор за Онкологија, дали станува збор за Беса Транс, за Ласкарци, за пожарот во модуларната болница, дали станува збор за секојдневни криминали кои што ни се случуваат, или пак ова последното траорно, монструозното случување. Од сложена влегуваме во уште посложена ситуација. Едноставно се создава ситуација во која што во Македонија, Македонците се препуштени на својата судбина. И тоа е основниот проблем“, заклучи Лефков.
Тој посочи дека оваа власт ја загадува државата и граѓаните. Веќе на секого му е јасно кој е главниот проблем во Македонија, а тоа е оваа власт и нивниот криминал.
„На секого му е јасно кој е главниот проблем во Македонија. Македонија нема друг проблем, основниот проблем е криминалниот проблем. Изворот на сите проблеми лежи токму во криминалот и во криминалната база која што се создава на најразлични основи. Од една страна имате крадење на државниот буџет, фирми кои што ви се појавуваат како партиски донатори на ДУИ кои што земаат и користат тендери, а од друга страна гледате менување на закон за игри на среќа за некој лукративно да се збогати“, појасни Лефков.
извор: ВМРО ДПМНЕ