(ВИДЕО) Се појави снимка како „цитроенот“ се движи кон селото Бразда

Порталот „Порталикс“ објави снимка од надзорни камери на кои се гледаат возилата во кои најверојатно била пренесена 14-годишната Вања Ѓорчевска по нејзиното киднапирање.

Како што вели новинарот Фуркан Салиу, снимките покажуваат кога и како девојчето дошло во селото Бразда и точното време кога е опожарено возилото.

На снимката се забележува дека во „цитроенот“ имало и совозач, но и дека задниот дел на возилото се чини празен, иако се гледа нешто што наликува на бела вреќа.

 

plusinfo.mk