Министерот за здравство веќе поднесе информација до Владата пред еден месец, во кој што предложи укинување на организациските и медицинските директори на клиниките и да имаме еден Клинички центар во кој што ќе се знае одговорноста и надлежностите, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Информацијата едногласно било усвоена на седница на Влада.
Според него, процесот е почнат и после изборите ќе биде реализиран, со оглед дека треба да се направат соодветните реорганизации.
-Да бидеме реални, на еден квадратен километар, нема потреба од 60 организациски директори и 60 управни одбори. Бевме и во ковид-криза и други кризи. Имаше и други предизвици, рече Ковачевски запрашан зошто досега не било реализирано ова предизборно ветување.