Уште едно интервју на Пендаровски, уште една политичка анализа, наместо претседателско обраќање.
Аналитичарот Пендаровски 5 години не успеа да создаде авторитет кај СДС и ДУИ кои очигледно не го регистрираат, наместо по телевизии да се надева дека нема да му праќаат закони со европско знаменце, подобро ќе беше јавно на прес конференција да го изрази своето негодување со ноншалантниот однос на власта и злоупотребата на европското знаменце за секој закон од кој имаат бизнис интерес, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Во однос членовите на Судскиот Совет, наместо мислења дека било добро, треба да им се извини на граѓаните, зошто тој 5 години е дел од луѓето кои се заслужни за довербата од 2% во судството.
За случајот со Вања, наместо да чекал интервју каде ќе соопшти дека ќе бара од Ердоган екстрадиција од Палевски, тоа до сега требало да го направи.
Пендаровски 5 години едно единствено решение или одлука нема донесено, или ги следи СДС и ДУИ или има краткорочни ставови кои отпосле ги повлекува или го демантира кабинетот.
извор: ВМРО ДПМНЕ