Гледам дека СДСМ овие денови води кампања со прикажување на фотографии со луѓе кои ниту се мои соработници, ниту пак, освен сликањето имам било каква близина. Тоа е нивниот избор за дефокус од големите теми и водењето на перманентна црна кампања против мене која им се удира од глава секој ден.Осудени се последователно неколку пати и тоа од ова нивно судство за ширење на лажни вести, клеветење и невистини.Од истиот центар, но преку друг канал кој ги ширеше лажни вести, одново се осудени дека ме клеветеле невистинито, овој пат дека наводно сум купил и реновирал куќа во Козле од еден милион евра.Докажано е дека brif.mk лажеа и апсолутно ширеа невистини. Лажеа и кога еден вицепремиер од владата преку еден негов медиум правеше прилог пред куќата која ниту е моја, ниту вреди милион евра.На оваа и на милион други лаги, како онаа дека наводно сум поседувал куќа во Црна Гора, дека сум имал не знам какви бизниси и хидроцентрали, единствено гледам како на очаен обид да се деградира мојата личност и да се дефокусира вниманието од нивната неспособност. Колку тие се по злобни во лагите толку јас сум помотивиран да ги поразимиме, смениме и да ја изградиме Македонија.Важно е да создадеме квалитетно општество базирано на принципи, вредности и морал. Важно е да има одговорност и да донесеме иднина.
Related Posts
Петмина Maкедонци повредени во сообраќајка во Грција
Петмина државјани на Македонија се повредени, но надвор од животна опасност во сообраќајна несреќа која околу половина час по полноќ…
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк – шумата Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава…
Затворен сообраќајот на Плетвар поради одрон на камења
Од 5.55 часот регионалниот пат Росоман – Прилеп, кај месноста викана Трите ленти на Плетвар, е затворен за сообраќај поради…