Средба на министерот Спасовски со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари средба со амбасадорката на Црна Гора , Н.Е. Марија Петровиќ на која и завршува мандатот во земјава.
На средбата министерот Спасовски и се заблагодари на амбасадорката Петровиќ за поддршка и соработката на нашите две пријателски земји како и на нашите две Министерството за внатрешни работи и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.
Во оваа прилика министерот Спасовски и врачи пригоден подарок на амбасадорката Петровиќ во знак на благодарност за успешната соработка.
MVR