АД Водостопанство наместо понудата со најниска цена, избрало три пати повисока понуда?

Драги сограѓани, ни треба ваша поддршка вие кажете дали овде не е случаj на неконтролирано злоупотребување на народни пари, велат од KAZ Group.
По однос на спроведената отворена постапка по оглас бр.16299/2023 од 14.09.2023 година, за доделување на договор за јавна набавка за потребите на АД Водостопанство на РМ во државна (граѓанска) сопственост, каде што ЕДИНСТВЕН критериум за избор на понудувач е ПОНИСКА ЦЕНА на понудата!

Нашата понуда изнесува 3.399.803,39, (KAZ Group-македоско производство кое храни 40 македонски фамилии), а избран е економски оператор чија понудена цена е 9.963.005,05 (трговско друштво со увозени странски производи и еден вработен – 3N Development Group) денари која е за ТРИ ПАТИ ПОВИСОКА од нашата понудена цена.
АД Водостопанство на РМ е загубар коj користи пари на Министерството за земjоделство, шумарство и водостопанство (народни пари).

извор: ФБ KAZ Group