Академија во МАНУ по повод 98 години од печатењето на Македонскиот АБЕЦЕДАР во Грција

0
161

Пред 98 години во Атина бил испечатен и објавен првиот буквар, наречен „ Абецедар“, наменет за учениците Македонци од Егејска Македонија. Но, тој никогаш не почал да се употребува и покрај налогот од Друштвото на народите, зашто во нивната намера се вмешала политиката на соседите за негирање на нашиот идентитет, кажа професорката по историја , Виолета Ачковска. Потребни се дополнителни истражувања на идентитетот на тројцата автори на „ Абецедарот “ зашто не се знае дала биле Грци, Македонци или Грци кои го зборувале и македонскиот јазик.

Напишан со приспособена латинска азбука на прилепско- битолско- лерински говор со примеси на југозападните наречја и со нагласен фонетски правопис, „Абецедарот“, испечатен во Атина 1925 и наменет за учениците Македонци во Егејска Македонија, никогаш не почнал да се употребува. Ова го кажа историчарката Виолета Ачковска на свечената академија во МАНУ, по повод чествувањето на 98- мата годишнина од печатењето на овој буквар. Според неа, политиката на соседите за негирање на македонскиот идентитет, како денес, така и во минатото, се вмешала во добрите намери на Друштвото на народите од Женева кое и наложило на грчката влада во училиштата да се учи и на македонски јазик.

Уште во Друштвото на народите кога се водела дебата околу самиот „ Абецедар“, бугарскиот претставник се расправал со грчкиот претставник Василис Дендрамис дека тој „ Абецедар“, односно тој буквар е неразбирлив за бугарските деца и за Бугарите. Тогаш Дендрамис му одговорил дека се работи за многу различен јазик кој не е ниту бугарски, ниту грчки. И тоа е најважниот елемент околу тој „ Абецедар“, бидејќи никогаш не стапил на сила, рече историчарката Виолета Ачковска.

Зад „ Абецедарот “ стојат тројца автори. Но, потребно е истражување за да се открие нивната етничка припадност зашто дијалетната база врз која го пишувале букварот се совпаѓа со онаа на Мисирков од книгата „ За македонцките работи“, рекоа од Институтот за македонски јазик.

Многу малку се знае за тие луѓе, дали се Грци по род или се Македонци, дали се Грци по род билингвални кои го знаеле веројатно и македонскиот јазик. Исто така, едно од прашањата што го поставувам, е дали тие го знаеле делото на Крсте Мисирков од 1903 година, затоа што одбирајќи ја дијалектната база  врз која што е направен „ Абецедарот“, таа всушност се совпаѓа со онаа за која се определил Мисирков , а која не е неговиот роден говор од Ениџе- вардарско, рече Елка Јачева -Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

„ Абецедарот“ не е само прв учебик на македонски јазик, наменет за децата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, потенцира историчарката Нада Јурукова.

Тој е прв учебник на македонски јазик во цела Македонија, кажа Јурукова.

Од свеченоста беше ипратен апел за две години кога ќе се одбележува 100 годишнината од печатењето на „ Абецедарот“, да биде издадено критичко издание.

 

 

vesnik-ilinden.com