Магла на неколку патни правци низ државава

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Појава на магла со видливост до 100 метри има од Велес до Демир Капија и во Битола-Кичево и Македонски Брод.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

amsm