На Градскиот пазар во Велес одземени над 1.400 парчиња пиротехнички средства

На 19.12.2023 во 10.50 часот на Градскиот пазар во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода И.Ќ.(69) од Велес.
При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени вкупно 1.115 парчиња разновидни пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден (19.12.2023), при преглед на тезга на Градскиот пазар, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес кај Ц.З.(62) од Велес пронашле и одзеле 300 парчиња пиротехнички средства. Со лицето бил извршен службен разговор во Полициската станица Велес и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.