Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Полициско одделение Галате, вчера (19.12.2023) во три трговски објекти во гостиварските села Неготино и Добридол пронашле и одзеле вкупно 6.964 парчиња разновидни пиротехнички средства, најмногу петарди, при што лишени од слобода биле три лица.
Имено, во периодот од 16.50 часот до 19.10 часот полициските службеници ги лишиле од слобода И.Д.(61), од кого со одземени 3.826 парчиња и Х.Ј.(49) со одземени 2.895 парчиња, двајцата од Неготино, а го привеле Г.Р.(60) од Добридол со одземени 243 парчиња.
Пронајдените пиротехнички средства се фотодокументирани, а по целосно документирање на случајот против трите лица ќе следуваат соодветни поднесоци, информираат од МВР.