Тојота повлекува 1,1 милион возила поради проблеми со сензорот на воздушните перничиња

„Тојота мотор“ објави дека ќе повлече над 1,1 милион возила низ светот поради сомнеж дека краток спој во сензорот може да предизвика воздушните перничиња да не се активираат како што е предвидено, јавува Анадолу.

Според изјавата што ја даде „Тојота мотор“, Тојота и Лексус ќе повлечат повеќе од 1,1 милион возила низ светот поради сомневањето за постоење проблем со сензорот на воздушните перничиња во некои модели на лимузини и СУВ-возила, што може погрешно да ја процени тежината на патниците, што од друга страна може да биде причина да не се активираат воздушните перничиња во случај на сообраќајна несреќа.

Повлекувањето ги опфаќа возилата од моделите Avalon, Camry, Corolla, RAV4, Lexus ES250, ES300H, ES350, RX350 Highlander и Sienna Hybrid произведени во периодот од 2020 до 2022 година.

Милион возила од овие модели се продаваат во САД.

Овластениот дистрибутер на Тојота ќе ги контролира конкретните сензори и по потреба ќе ги замени.

Тојота планира да почне да ги известува сопствениците на овие возила во февруари 2024 година.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.