Ослободителна пресуда за поранешниот директор на онкологија – Нино Васев

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија и радиотерапија, д-р Нино Васев доби ослободителна пресуда. Покрај него, ослободени се и доктор Игор Стојковски онколог од истата клиника, како и докторката Марија Симоновска.

Лицата не се прогласени за виновни за несовесно работење во службата и за несовесно лекување болни.

Според обвинението, Васев како директор на Клиниката онкологија на пациент со меланом не одобрил да му се препише соодветна терапија од јуни до септември 2018. Во ноември истата година на семејството на пациентот им рекол сами да си набават лекови од соседна држава. Обвинителството тврдеше дека пациентот Томо Ристовски не добивал терапија во периодот од неколку месеци во 2018 година на Онкологија, по што починал.

Обвинителството најави жалба на пресудата.

Предметот против трите медицинска лица се водеше од 2021 година.

Јавноста ја разбранува и скандалот со Онкологија. Пред Анкетна комисија на распит беше и екс-директорот Васев, но власта и опозицијата не постигнаа согласност за извештајот за политичка одговорност.