И со доаѓањето на зимата, фламингото и другите птици преселници не го напуштаат езерото Ван

Јата фламинга и други видови птици преселници сè уште не го напуштиле езерото Ван во источна Туркије, иако е вообичаено во овој период од годината веќе да се на пат кон потоплите живеалишта, јавува Анадолу.

Езерото Ван е една од најважните дестинации за сместување и одмор на птиците преселници за време на нивното патување од илјадници километри.

Многу видови птици, кои летните месеци ги поминуваат во мочуриштата во басенот на езерото Ван и обично мигрираат во потоплите предели со заладувањето на времето, сè уште се таму, иако вообичаените периоди за миграција поминаа.

Професорот од Универзитетот Јузунџу Јил во Ван, Оздемир Адизал, за Анадолу изјави дека подолгото задржување на птиците во богатите мочуришта на езерото Ван не е големо чудо бидејќи температурите на воздухот сè уште не се драстично намалени во тоа подрачје.

Адизал рече дека климатските појави се резултат на глобалното затоплување, видлива појава во целиот свет.

„Многу од нашите мочуришта се исушија или се во опасност да се исушат во голема мера. Оваа ситуација влијае и на миграциските патишта на птиците. За жал, многу области каде што порано се навикнуваа и одмораа, сега целосно се исушија, што предизвикува девијации и нарушувања во нивните миграциски рути. И ние тоа го следиме“, рече тој.

извор:Анадолу.
фото:Анадолу.