(ВИДЕО) Уште еден сплав потона во Белград

Неколку часа откако потона, сплавот „Картел“ изгледа прилично застрашувачки. Само нешто помалку од половина од зградата е над вода, мебелот лебди, а насекаде има работи кои луѓето ги испуштиле или заборавиле во паника.

Кога станува збор за целиот заден сплав, само покривот е над површината на водата. Единствениот дел од сплавот кој остана закачен за брегот е мостот од кој сплавот се одвои кога луѓето почнаа масовно да заминуваат откако во објектот за време на концертот изби тепачка.

На сплавот останале работите на луѓето кои во паника избегале. Билетите за синоќешниот концерт се расфрлани насекаде, маици закачени на оградите, а на мостот од синоќешната Пепелашка остана една чизма со високи потпетици.

 

 

telegraf.rs