Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со саркастичен пост на Фејсбук. Таа објави фотографија со Дедо Мраз како играат шах, со порака – „во исчекување на резултатите од истрагата за елката“.
Арсовска наиде на критики за новогодишното украсување на Скопје, за празничниот декор во поширокото централно подрачје на главниот град, на плоштадот „Македонија“ и особено на новогодишната елка.