Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла распиша оперативна потрага по петнаесетгодишното девојче од Тузла, Едина Малагиќ.
Девојчето вчераутро околу 07:00 часот излегло од куќата и не се вратило, соопштија синоќа од Полициската управа на кантоналниот МУП.
Исчезнувањето на девојчето во полиција го пријавила нејзината баба вчера околу 15.00 часот.
Полицијата ги презема сите мерки и дејствија за нејзино пронаоѓање.