Република: Двајца убиени, двајца повредени меѓу кои и пукачот од Челопек

Две лица загинаа, а две, меѓу кои и осомничениот за убиствата, се повредени во денешниот оружен инцидент во тетовското село Челопек.

Од СВР Тетово за Република  велат дека полициски службеници денеска го лишиле од слобода лицето И.И., на восраст од 60тина години, за кого во 14:10 часот било пријавено дека со огнено оружје пукал кон свои роднини, исто така жители на Челопек.

Според првичните информации, покрај двајцата починати, има повредено уште едно лице, а повреден е и самиот осомничен, најверојатно од огнено оружје.

Полициски и екипи на Брзата помош веќе се на лице место и превземаат мерки, велат од СВР Тетово и додаваат дека се очеква увид да изврши и Јавен обвинител.

Повеќе детали околу инцидентот најавуваат подоцна.

извор: Република