Секојдневните животни активности, особено последните неколку месеци во голема мера се разликуваа на Истокот и на Западот, односно во Газа и на други места низ светот, известува Анадолу.
Фоторепортерите на агенцијата Анадолу ги „запреа“ моментите на борбата за гол живот во Газа и моментите на задоволство на секојдневјето низ светот.
Додека животот во западните земји тече по нормален тек, во Газа, изложена на израелски напади, светската јавност е сведок на човечка драма и брутална деструкција, убивање и хуманитарна катастрофа. Додека на познатиот плоштад „Тајмс“ во Њујорк граѓаните ги бројат деновите до прославувањето на Нова година, во Газа, во болницата „Загинатите херои на Ал Акса“, Палестинците ги исчекуваат информациите за своите најблиски.
Возењето велосипед крај реката Хадсон во Њујорк, според глетката, но и по многу друго се разликува од онаа во Хан Јунис. Огнометот над Москва по повод прославата на Денот на победата е дел од веселба, додека експлозиите на небото над Газа се весници на смртта.
На фестивалот во Шпанија луѓето се носеа меѓусебно во знак на радост, „над главите на масата луѓе“, додека Палестинците, во само еден од 10.000 примери, го носеа телото на снимателот на Ал Џезира, Самир Ебу Дака, заедно со натписот „прес“ означен на заштитната опрема, која за израелската војска не претставуваше пречка за да ги убие него и повеќе од 100 негови колеги.
Граѓаните на градовите на Западот формираа толпа обиколувајќи ги трговските центри за време на празничните намалувања, додека Палестинците ги исполнија улиците во непрегледни колони бегајќи од еден дел на Газа во друг, барајќи безбедност, а повторно наоѓаа смрт.