(ВИДЕО) Огромен бран однесе луѓе и возила на плажа, 8 лица завршија во болница во Калифорнија

Невремето на брегот на Калифорнија предизвика огромни бранови кои вчера предизвикаа голем број проблеми во крајбрежните области, вклучително и поплави и затворање патишта.

Според Си-Ен-Ен, речиси 20 луѓе вчера биле однесени од еден од овие непредвидливи површински бранови, кои во САД се нарекуваат „бранови-чудовишта“ или „бранови убијци“.

Станува збор за невообичаено високи бранови кои се појавуваат сосема ненадејно и се особено опасни за бродовите и изолираните структури на брегот, како што се светилниците.

 

telegraf.rs