Доаѓа вистинска јануарска зима со многу снег на Балканот

Најажурниот нумерички модел (ECMWF Евроспки центар за среднорочна прогноза), веќе долго време црта екстремен студ на Балканот во текот на овој месец, а тој би започнал околу, или веднаш по Божиќ. Исто така ќе има и многу снег.

Температурите во текот на овој месец на Балканот се очекува да се спуштат дури и под -20 степени.

Овој екстремно студен бран ќе ја зафати и Македонија и ќе ни донесе многу снег и екстремен студ. Според сегашните анализи, температурите по Божиќ се очекува да се спуштат до околу, па дури и под -20 степени.

Состојбата и понатаму ќе ја следиме и навремено ќе објавуваме најнови метео анализи, и тоа по секое ажурирање на нумеричките модели, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.